Riyaz Khaliq
07 Септември 2020•Ажурирај: 08 Септември 2020
АНКАРА (АА) - Кина денес во вселената испрати уште еден сателит за набљудување на Земјата, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Сателитот со висока резолуција „Гаофен-11 02“ беше лансиран во вселената со носачот на ракети „Лонг марш-4Б“, соопшти новинската агенција „Синхуа“.
Со цел да се користи во напорите за мапирање на амбициозната иницијатива на Кина „Еден појас, еден пат“, сателитот беше испратен во вселената од Центарот за лансирање сателити „Таијуан“ во северната кинеска покраина Шанси.
Оптичкиот сателит со далечинско набљудување има капацитет да прави фотографии со резолуција на помалку од еден метар и исто така ќе се користи во истражувања на копно, за урбанистичко планирање, дизајн на патни мрежи, во земјоделството и помош од катастрофи.
Ова беше 345. лет на ракетата од кинеско производство „Лонг марш“.
Лансирањето на сателитот се случи еден ден откако вселенското летало на Кина безбедно слета на своето одредено место. Вселенското летало беше во орбитата два дена.
Вселенското летало беше лансирано во петокот од Центарот за лансирање сателити „Џиукан“.