Firdevs Yüksel
10 Септември 2020•Ажурирај: 13 Септември 2020
ИСТАНБУЛ
Започна завршната фаза на изградбата на првиот реактор на Нуклеарната електрана „Акују“ (NPP), соопшти денеска компанијата „АЕМ-технологија“, која дејствува заедно со машинскиот оддел Атоменергомаш на „Росатом“, јавува Агенција Анадолија (АА).
Експертите во Атомаш, волгодонскиот огранок на „АЕМ-технологија“, го започнаа контролниот состав на реакторите, нивните внатрешни и надворешни делови.
Контролниот состав е клучна операција за време на која се проверува составот на сите произведени внатрешни и надворешни делови на реакторското постројување. Оваа операција се извршува во специјална подземна изолација.
„Бочвата на јадрото тешка 73 тони е сместена во реакторот. Се инсталира преграда на јадрото тешко 38 тони, заштитни единици за цевки тешки 68 тони и поклопувач на реакторот кој е тежок 90 тони“, се наведува во соопштението.
За време на монтажата ќе бидат вградени соодветни клучеви за прицврстување кои го обезбедуваат уредот за центрирање на поклопувачот на реакторот. Ќе се извршат и сите потребни проверки на системот за заштита на поклопувачот и остатокот од реакторскиот комлекс.
Во иднина, контролниот состав значително ќе го намали времето потребно за вградување на реакторот со внатрешните делови на местото на нуклеарната електрана во изградба во Турција.
Меѓувладиниот договор меѓу Турција и Русија за изградба на Нуклеарната електрана „Акују“, во која ќе бидат сместени четири VVER-1200 енергетски единици со вкупно инсталирана сила од 4.800 мегавати, е потпишан во мај 2010 година.
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и неговиот руски колега Владимир Путин на 3 април 2018 година присуствуваа на церемонијата на поставување на темелите на нуклеарната електрана.
Првиот реактор на Нуклеарната електрана „Акују“ би требало да биде оперативен во 2023 година.