Seda Sevencan
19 Ноември 2021•Ажурирај: 19 Ноември 2021
ИСТАНБУЛ
Турција започна нова антитерористичка операција на источниот дел на земјата, соопшти Министерството за внатрешни работи, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Како што се наведува во соопштението, дури 1.050 припадници и 72 оперативни тимови на Генералната команда на жандармеријата, специјалните единици на жандармеријата, полицијата и ренџери учествуваат во операцијата „Ерен зима-6, шехид Бурак Тортумлу, наредник на жандармеријата“.
Оваа година Турција ја започна операцијата „Ерен“, именувана по Ерен Булбул, 15-годишно момче убиено од терористичката организација ПКК на 11 август 2017 година.
Последната акција има за цел да ја елиминира терористичката организација ПКК и да ги неутрализира терористите во регионот во источна Турција.
Во својата над 35-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, којашто се наоѓа на листата терористички организации во Турција, САД и ЕУ, е одговорна за смртта на најмалку 40.000 луѓе, меѓу кои и деца и жени.