Ata Ufuk Şeker
18 Ноември 2021•Ажурирај: 18 Ноември 2021
БРИСЕЛ (АА) - Комитетот за буџетот на Европскиот парламент (ЕП) одобри речиси 150 милиони евра додатни средства за програмата за поддршка на барателите на азил во Турција, јавува Агенција Анадолија (АА).
Одборот за контрола на буџетот на ЕП објави дека со 29 гласа „за“ е изгласан ребаланс на буџетот на Европската Унија (ЕУ) за 2021 година и пружање додатна хуманитарна поддршка за сириските бегалци во Турција.
Во соопштението е истакнато дека Турција ги отворила своите врати за околу 3,7 милиони Сиријци и дека со овој ребаланс на буџетот целта е продолжување на хуманитарната помош на загрозените лица.
Со средствата од 150 милиони евра е обезбедена парична поддршка на Програмата за помош за социјална кохезија (SUY) за барателите на азил во Турција.