İzzet Taşkıran
10 Септември 2020•Ажурирај: 12 Септември 2020
ИСТАНБУЛ
- Изет Таскиран
За осум месеци оваа година, на аеродромите во Истанбул, се извршени 224.919 летови, вклучувајќи домашни и меѓународни, а опслужени се 26.831.852 патници.
Податоците на Дирекцијата на државната управа на воздушниот сообраќај (DHMI), до кои дојде новинарот на АА, покажуваат дека на аеродромот „Ататурк“ од јануари до август се извршени 23.325 летови, од кои 6.284 домашни, а 17.041 меѓународен лет.
На аеродромот „Сабиха Ѓокчен“, од јануари до август се извршени вкупно 76.576 летови, од кои 49.780 домашни, а 26.796 странски летови.
Кога станува збор за „новата нормалност“, односно ситуацијата по појавата на пандемијата на Ковид-19, на аеродромот „Истанбул“ продолжува да расте бројот на летовите. Така патниците од аеродромот „Истанбул“ извршија 40.268 домашни и 84.750 меѓународни летови. На аеродромот „Истанбул“ во овој период се извршени вкупно 125.018 летови.
Од јануари до август на аеродромите во Истанбул се извршени 224.919 летови, од кои 96.332 на ниво на Турција, а 128.587 на меѓународни релации.
Во првите осум месеци минатата година на аеродромите во Истанбул се извршени 467.835 летови.
Аеродромот „Ататурк“, по големото преместување минатата година во април, служи само за приватни летови и карго превоз.
Бројот на патници кои го користеа аеродромот „Сабиха Ѓокчен“ особено се зголеми во летниот период. Во овој период се опслужени 10.595.122 патници, од кои 7.113.067 на домашни и 3.482.055 лица на меѓународните летови.
На аеродромот „Истанбул“ во истиот период се опслужени 16.236.730 патници, од кои 5.217.757 лица на домашни и 11.018.973 лица на меѓународните летови.
Од јануари до август аеродромите во Истанбул ги користеа 26.831.852 патници, од кои 12.330.824 на домашни и 14.501.028 на меѓународните летови.
Во истиот период минатата година аеродромите во Истанбул ги користеа 68.709.575 патници.