Riyaz Khaliq
02 Јуни 2020•Ажурирај: 02 Јуни 2020
АНКАРА (АА) - Во период од 10 дена тестирани за коронавирусот Ковид-19 се речиси 10 милиони жители на градот Вухан во централна Кина, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Вухан тестираше 9,89 милиони луѓе за време на својата десетдневна кампања за нуклеично тестирање низ целиот град, при што откриени се 300 асимптоматски носители на вирусот, додека потврдени случаи нема“, соопштил претставник на градските власти, според дневниот весник „Глобал тајмс“ (Global Times).
Смртоносниот коронавирус првпат беше регистриран во Вухан, главниот град на кинеската покраина Хубеи, минатиот декември. Во градот живеат над 11 милиони луѓе, а е познат по својата индустрија за висока технологија.
Масовното тестирање започна откако на 9 мај беше откриен кластер на шест нови случаи.
„Вухан потроши околу 900 милиони јуани [126,58 милиони долари] на кампања за нуклеично тестирање низ целиот град, а трошокот ќе го сносат властите на Вухан“, рече Ху Јабо, заменик-градоначалник на Вухан.
Од појавата на вирусот, Вухан пријави над 50.000 случаи на смртоносниот Ковид-19.
Во Кина се регистрирани 83.022 потврдени случаи на Ковид-19 и 4.634 смртни случаи, од кои најголем дел во покраината Хубеи.
Кинеската Национална комисија за здравство денес потврди 5 нови случаи на заразени, сите лица кои пристигнале од странство.