Mücahit Aydemir
02 Јуни 2020•Ажурирај: 02 Јуни 2020
АНКАРА (АА) - Либиската Армија соопшти дека уништила 7 воени возила, што им припаѓаат на милициите на Хафтар, и дека неутрализирала 12 припадници на милицијата на Хафтар во воздушните операции спроведени во јужните региони на главниот град Триполи во последните 24 часа, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Портпаролот на либиската Армија, полковник Мухамед Кунуну, истакна дека во 5-те воздушни операции на либиската Армија реализирани околу градот Есабија, што се наоѓа јужно од Триполи, неутрализирани се 12 припадници на милицијата на Хафтар.
Кунуну, исто така, истакна дека уништени се 7 воени возила кои ѝ припаѓаат на милицијата.
„Нашите херојски сили напредуваат силно кон позициите во Ел-Хале и Халамат“, нагласи портпаролот Кунуну.
Насилните судири помеѓу либиската Армија на легитимната Влада на Либија, признаена од ОН, и милицијата поврзана со пучистот Хафтар, продолжуваат во јужниот дел на главниот град Триполи.