Ekipa
13 Април 2016•Ажурирај: 14 Април 2016
БРИСЕЛ (АА) - Доналд Туск, претседателот на Советот на Европската унија, изјави дека е загрижен поради зголемениот број на мигранти кои доаѓаат од Либија, откако унијата се фокусираше на депортација на мигрантите во Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
Туск денес кажа дека бројот на луѓе кои би можеле да станат мигранти, а се наоѓаат во Либија е загрижувачки, и дека земјите членки треба да бидат подготвени да им помогнат на Италија и Малта, доколку тоа е неопходно.
Неговите проценки говорат дека над 15.000 мигранти го поминале Медитеранот од Либија во Турција минатиот месец. Италијанската крајбрежна стража вчера соопшти дека спасила 2.000 мигранти при обид за преминување на морето.
Над милион луѓе влегле во Европската унија минатата година, барајќи прибежиште или работа.