????? ????????
22 Ноември 2015•Ажурирај: 23 Ноември 2015
СКОПЈЕ (АА) - Во рамки на посетите на земјите од Западен Балкан, Шефот на Советот на Европа, Доналд Туск денеска во Скопје се сретна со македонскиот претседател Ѓорге Иванов, јавува Anadolu Agency (АА).
По работната посета на Белград и Тирана, Туск допатува во Скопје, каде се сретна со првиот човек на Македонија, Иванов. Бегалската криза, борбата против тероризмот и патот за интеграција на Македонија во Европската унија, беа главните теми на разговор меѓу Иванов и Туск.
Иванов е на почетокот на средбата истакна дека Македонија досега одвои повеќе од 10 милиони евра за осигурување и други потреби на бегалците кои од Грција преку Македонија одат до Србија и Западна Европа.
Потенцирајќи дека Македонија наскоро ќе започне преговори за влез во Европската Унија, Иванов рече дека прашањето на проширувањето на ЕУ не смее да остане само како технички карактер. Потсетувајќи дека од почетокот на годината, преку Македонија во Западна Европа помина речиси половина милион бегалци, Иванов рече дека никогаш не се реализирало ветувањето во финансиска и техничка поддршка на Македонија кои го очекуваа од официјален Брисел.
Шефот на Европскиот Советот, Туск во оваа прилика, уште еднаш повтори дека сите транзитни од Западен Блкан во решавањето на бегалската криза мора да соработуваат со ЕУ.
Истакнувајќи дека тој е свесен за тешкотиите со кои Македонија се соочува со бегалска криза, Туск изјави дека Македонија има право и обврска да ги заштити своите граници.
Тој вети хуманитарна помош и додаде дека е потребно да се најде подобар механизам за координација на заедничките напори за решавање на кризата. "Ако сакаме на ефекасен начин да одговориме на проблемите, координацијата е клучен фактор. ЕУ е подготвена да помогне хуманитарно и технички ", рече Туск.
Во продолжение на својата Балканска турнеа, Туск ќе ги посети Сараево и Загреб.