Can Erözden
21 Февруари 2016•Ажурирај: 21 Февруари 2016
ИСТАНБУЛ (AA) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и лидерот на Европскиот совет Доналд Туск, доцна синоќа разговараа за актуелните случувања во регионот, а Туск потврди дека Европската унија е со Турција во борбата против тероризмот, јавува Anadolu Agency (AA).
Туск и во оваа прилика ги осуди неодамнешните терористички напади во Анкара и Дијарбакир, а беше разговарано и за актуелната ситуација во Сирија, со посебен акцент на бегалската криза.
Шефот на Европскиот совет Туск, објави дека во март оваа година ќе се организира специјален самит на лидерите на ЕУ и Турција на кој ќе се разговара за бегалската криза.
Во средата, во терористички напад во центарот на Анкара загинаа 28 лица. Турските власти соопштија дека зад нападите стои терористичката организација ПКК и сирискиот огранок на ПЈД и вооруженото крило.
Еден ден подоцна, во четвртокот, во напад врз воен конвој загинаа шест лица и во Дијарбекир.