????? ????????
14 Ноември 2015•Ажурирај: 15 Ноември 2015
Париз (АА) - Министерството за надворешни работи на Република Франција информира дека од загинатите и повредените од синоќешниот напад нема македонски државјани, јавува Anadolu Agency (AA).
Претседателот на Македонија, Ѓорге Иванов испрати телеграма до Претседателот на Франција Франсоа Оланд, изразувајќи огромно жалење за изгубените животи и длабоко сочуство во името на македонските граѓани.
“Господине Претседателе, додека Франција минува низ овие тешки моменти, врвен приоритет за целата меѓународна заедница треба да биде соработката и солидарноста во борбата против злото, а во одбарана на споделените демократски и цивилизациски вредности. Овој злосторнички чин нема да не поколеба во одлучната борба против тероризмот. Нема да дозволиме терористите да го посеат семето на стравот, екстремизмот и хаосот во Европа. Македонските граѓани, како и секогаш во историјата, ќе застанат зад слободољубивите граѓани на Франција во борбата против непријателите на мирот, слободата и правдата”, се вели во телеграмата од Иванов.