Admir Fazlagikj
31 Декември 2015•Ажурирај: 01 Јануари 2016
СКОПЈЕ (АА) - "Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека по повод претстојните Новогодишни и Божикни празници, имајќи предвид дека се очекува зголемена раздвиженост на граѓаните и одржување на јавни собири и манифестации, а со цел обезбедвање поволна безбедносна состојба во областа на јавниот ред и мир, криминалитетот, безбедноста во сообраќајот, обезбедување на државната граница, обезбедување на објекти, личности, ДКП - превзема зајакнати мерки и активности по претходно изготвени планови заради благовремено следење и превземање на конкретни мерки и активности за спречување на истите" , информира во своето писмено соопштение Министерството за внатрешни работи, пренесува Anadolu Agency (AA).
"По однос на прославите на престојните празници на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје истите ќе бидат соодветно обезбедени. Притоа, на отворен простор прослави ќе се одржат на Плоштад “Македонија“ и Сквер „Јадран“ додека на затворен простор прослави ќе има во салата на КК “Работнички“ во Градски Парк и во Метрополис Арена на Скопски Саем за што од страна СВР Скопје се предвидени доволен број на полициски службеници од сите организациони единици на СВР Скопје и МВР" , известуваат од МВР во однос на обезбедувањето на поволна безбедносна состојба за време на новогодишните празници.
Исто така, од МВР известуваат и дека по однос на сообраќајот, од страна на организаторите на посочените манифестации не се доставени никакви барања за било какви ограничувања или пак затворање на одредени сообраќајници, односно истиот ќе се одвива тековно и без никакви ограничувања.
Воедно од страна на полициски службеници од ОН и од БПС ќе бидат превземени зајакнати мерки и активности на подрачјата на сите Сектори за внатрешни работи со цел превентивно покривање на сообраќајниците и угостителските објекти каде што ќе има организиран дочек на Новата 2016 година.
МВР во соопштението упати апел до граѓаните да се воздржат од прекумерна употреба од алкохол, од употреба на огнено оружје и пиротехнички материјали.
"МВР уште еднаш апелира до граѓаните во текот на прославите на претстојните празници да се воздржат од прекумерна употреба на алкохол, да не се управуваат возила под дејство на алкохол, како и воздржување од употреба на огнено оружје, петарди и други пиротехнички средства".
МВР, исто така апелира до граѓаните, за евентуалните сознанија и други видови нарушувања истите да ги пријават на телефонските броеви 192, 199 како и на мејл адресата на МВР - kontakt@moi.gov.mk