Bekim Laci
14 Јануари 2016•Ажурирај: 15 Јануари 2016
Министерот за внатрешни работи на Република Македонија, Оливер Спасовски, на денешната прес-конференција презентираше податоци за кои рече дека докажуваат злоупотреба на лични документи, јавува Anadolu Agency (AA).
Спасовски објави дека при ненајавен попис на магацинот на МВР се пронајдени 70 илјади обрасци за дупликат возачки дозволи. Тој изјави дека се сомнева оти со овие лични документи била можна злоупотреба на идентитетот на граѓаните и дека постојат индиции за можна продажба на обрасци.
„Пронајдени се 70 илјади формулари за возачки дозволи кои се внесени во министерството на 26 ноември 2015 година, непосредно по моето доаѓање во министерството. Но, овие 70 илјади лични документи не се евидентирани дека постојат во магацинскиот компјутер. Зошто? Затоа што исти такви возачки дозволи веќе постојат во евиденциите на Министерството за внатрешни работи. Станува збор за исти такви документи со исти сериски броеви“, рече Спасовски.
Тој истакна дека помошник во МВР кој работи во оваа област бил известен за формуларите за дупликат возачки дозволи, но тој не реагирал се до налогот за попис во магацинот, а тоа му го признале вработени во министерството. Истите формулари рече тој, постојат во МВР со ист сериски број, а почнати се со пополнување на 7 февруари, 2014 година.
Според министерот постои индиција за криминал со личните податоци како и за стекнати повеќе милони евра нелагални пари. Спасовски оформил комиија која го проверила магацинот на МВР при што е утврдено дека овие 70.000 формулари не постојат во комјутерот на МВР.
Тој вели дека фирмата добавувач на возачките дозволи побарала итна средба со него, а претставниците биле изненадени зошто никој не ги известил за дупликатот на возачките дозволи.