Admir Fazlagic
09 Април 2016•Ажурирај: 10 Април 2016
СКОПЈЕ (АА) - Македонската полиција утрово на автопатот Куманово-Табановце, при контрола на просторот за товар пронашла вкупно 44 мигранти од Авганистан, Сирија и Пакистан, соопшти МВР, пренесува Anadolu Agency (AA).
"На 09.04.2016 година околу 04,15 часот на автопатот Куманово-Табановце, УПС откако забележале паркирано ТМВ„Фиат Дукато“ со српски национални ознаки кој имало издишана гума и се упатиле кон него, при што лицето кое го управувало возилото, веднаш се дало во бегство. При контрола во просторот за товар пронајдени се вкупно 44 мигранти од Авганистан, Сирија и Пакистан. Лицата се приведени во СВР-Куманово за понатамошна постапка", пишува во соопштението на МВР.