Besar Ademi
14 Јануари 2016•Ажурирај: 15 Јануари 2016
Граѓанско општество: Нема услови за демократски избори во Македонија
- Според граѓанското општество, досега не се исполнети основните елементи од Пржинскиот договор за одржување на слободни и демократски избори
СКОПЈЕ (АА) - Десетици граѓански организации и граѓански иницијтиви од цивилното општество во Македонија, преку заедничка изјава побараа од еврокомесарот за преговори и проширување, Јоханес Хан и други меѓународни фактори активирање во решавањето на политичката криза во земјата, како и одложување на предвремените парламентарни избори, јавува Anadolu Agency (AA).
Според представниците на граѓанското општество, досега не се исполнети основните услови на Пржинскиот Договор, кои беа предвидени како приоритет за одржување на слободни и демократски избори.
Тие истакнуваат дека целосната имплементација на Договорот од Пржино ќе стави крај крај на политичката криза во земјата од 2001 година наваму и ќе резултира со одржувањето на фер, слободни и демократски избори.
"Нашиот став е дека до сега не се исполнети основните услови, и не постои атмосфера погодна за одржување на слободни и демократски избори, што ќе ја вратeше довербата на граѓаните дека Македонија има можност да одлучува слободно и дека одлуката на граѓаните ќе се почитува од страна на институциите и политичките партии ", изјави Фани Каранфилова-Пановска од Фондацијата Отворено општество - Македонија.
"Ако не се исполнат условите на Државната изборна комисија (ДИК) пред изборната кампања, тогаш ситуацијата ќе стане многу опасна и создава сериозен простор за продлабочување на политичката криза, по што на државата и граѓаните ќе имаат огромна штета", рече Бојан Маричиќ од Македонскиот центар за европско образование.
Граѓанското општество смета дека за одржување на демократските избори приоритет е целосно функционирање на ДИК како водечка институција за ажурирање на избирачкиот список и организирање на избори, како и отстуство на каков било договор за реформите во сфера на медиумите и медиумските слободи.
Инаку, утре во Скопје се очекува да дојде еврокомесарот Хан, кој ќе го надгледува спроведувањето на договорот од Пржино, чија цел е да се одржат предвремени парламентарни избори на 24-ти април оваа година. Посетата на еврокомесарот Хан е во врска со изборот на преодна влада и нов привремен премиер, со единствена задача, за спроведување на предвремени избори.