МВР: Во куќа во кумановоско Ваксинце пројандени 4 мигранти
"На 17.02.2016 година во 18.45 часот во с.Ваксинце, кумановско, од страна на полициски службеници извршен е претрес во домот на М.Н. од с.Лојане, при што бил пронајден албански државјанин Ф.С. (26), а со него биле и четворица мигранти од Сирија, Египет и Алжир", соопшти МВР.
Admir Fazlagic
19 Февруари 2016•Ажурирај: 20 Февруари 2016
СКОПЈЕ (АА) - Министерството за внатрешни работи на Република Макеоднија соопшти дека на 17.02.2016 година, во среда, при претрес во домот на М.Н. во кумановско Ваксинце полициските службеници пронашле четири мигранти, јавува Anadolu Agency.
"На 17.02.2016 година во 18.45 часот во с.Ваксинце, кумановско, од страна на полициски службеници извршен е претрес во домот на М.Н. од с.Лојане, при што бил пронајден албански државјанин Ф.С. (26), а со него биле и четворица мигранти од Сирија, Египет и Алжир", соопшти МВР.
Од надлежното министерство информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.