Admir Fazlagikj
01 Јануари 2016•Ажурирај: 02 Јануари 2016
СКОПЈЕ (АА) - Во текот на последниот ден од годината, 31.12.2015, како и за време на новогодишната ноќ, во Охрид починаа две лица, триесет и осумгодишен штипјанец загина во сообраќајна несреќа што се случила ноќеска 20 минути после полноќ во Штип а едно постаро лице од Свети Николе кое било во алкохолизирана состоба е повредено и се наоѓа во животна опасност, соопшти Министерството за внатрешни работи, јавува Anadolu Agency (AA).
На 01.01.2016 година во 02.30 часот полициски службеници на улица „Цар Самоил“ во близина на кафе барот „Табана“ во Охрид забележале машко тело, по што со возило на Брза помош било пренесено во Општата болница во Охрид. На хируршкото одделение, преземени се мерки за медицинска помош, но и покрај тоа, лицето починало. По наредба на Јавен обвинител, денес ќе биде извршена обдукција врз телото на починатиот. На улицата „Цар Самоил“, извршен е увид во присуство на Јавен обвинител и полициски екипи. СВР Охрид, презема интензивни мерки за целосно расчистување на овој случај, иако до овој момент во полициската станица не е пријавено нарушување на јавниот ред и мир или друго казнено дело во споменатиот угостителски објект.
МВР информираше и за втор смртен случај во Охрид. На 31.12.2015 година во 17,00 часот во Охрид на улицата „Радојца Новичиќ“ се случила сообраќајна незгода во која ПМВ „Пасат“ со охридски регистарски ознаки управувано од Ќ.Н. (53) од Охрид удрил во велосипед управуван од Здравко Н.(62) од Охрид кој од збориените повреди починал во болницата „Св.Еразмо“.
На 01.01.2016 година околу 00,20 часот во Штип на крстосницата од ул.„Борис Кидриќ“ и ул.„Партизанска“, се случила сообраќајна незгода помеѓу ПМВ„Ауди“ со штипски регистарки ознаки управувано од Марјан О.(38) од Штип и ПМВ„Фолксваген Поло“ исто така со штипски регистарски ознаки управувано од А.Н.(22) од Штип. Од здобиените повреди на местото на настанот починал Марјан О. Над А.Н. извршено е алкотестирање и утврдено е присуство на алкохол од 1,45 промили. Увид на местото на настанот извршиле ЈО и екипа од СВР-Штип.
На 31.12.2015 година околу 15,00 часот во КБ-Штип со ИМП бил донесен В.Ј.(66) од Св.Николе. Истиот на 30.12.2015 година околу 17.00 часот во алкохолизирана состојба паднал од скалите во сопствениот дом и се здобил со повреди во пределот на главата и е во животна опасност. Извршен е увид на местото на настанот и се преземаат мерки за расчистување на настанот.