Ivana Ramadanova
14 Ноември 2015•Ажурирај: 15 Ноември 2015
Скопје (AA)- Франција е во голем шок бидејќи што се соочи со атентат кој што понесе голем број на жртви, изјави француската амбасадорка во Македонија Лоренс Оер. Таа истакна дека и покрај откажаните настани поради немилиот настан, Франција ќе го организира самитот на ОН за климатски промени кој треба да се одржи 30 ноември Париз, јавува Anadolu Agency (AA).
“Воопшто не ни замислувавме дека по 11 јануари повторно ќе се соочиме со такви ужасни сцени. Синоќа се случија навистина камиказни атентати каде што бројот на жртви изнесува 129 а 252 лица се сериозно повредени од кои 80 од нив се борат за живот. Францускиот претседател синоќа прогласи тридневна жалост еден минутен молк кој во понеделник во 12 часот ќе биде кажан на секаде во Франција но и секаде низ светот каде што Франција е присутна”, истакна Оер.
Според неа oва е навистина голем терористички напад и воен чин, како што го квалификуваа француските власти, додавајќи дека истрагата покажала дека еден од камиказите е француски државјанин кој што неодамна го прифатил исламот.
“Сето ова го кажувам дека сакам да потенцирам дека заканата не е дојдена од надвор. Воедно сакам да искажам голема благодарност до сите пријатели и граѓани на Македонија но исто така и политичките раководни лица во оваа земја кои што ја искажуваат својата солидарност во Париз”, рече Оер.
Според она што е досега познато, напади имало на седум различни места, особено оној на францускиот стадион каде што се играше пријателскиот фудбалски натпревар помеѓу Франција и Германија.