Besar Ademi
24 Јуни 2016•Ажурирај: 25 Јуни 2016
СКОПЈЕ (АА) - Претседателот на Република Македонија изјави дека се очекува втор бегалски бран кој трнува од Египет, каде моментално се наоѓаат пет милиони мигранти, додека на границите со Судан има 20 милиони потенцијални мигранти од рогот на Африка, јавува Anadolu Agency (AA).
Според Иванов станува збор за втор бегалски бран кој трнува од Египет, каде моментално се наоѓаат пет милиони мигранти, додека на границите со Судан има 20 милиони потенцијални мигранти од рогот на Африка, кои досега успешно ги контролираше.
„Најавите кои ги имаме за вториот мигрантски бран кој се очекува за ова лето,ќе бидат сосема поинакви кога доаѓаа бегалци од боиштата од Блискиот исток. Овој најавен бран кој е веќе тргнат и кој се чувствува во централно-медитеранскиот коридор кој е кон Италија, секојдневно има по илјадници кои одат на италијанскиот брег а доаѓаат претежно од афричкиот континент,најмногу од Либија и Египет", истакна претседателот Иванов.
Тој изјави дека денес ги посети институциите одговорни за справување со бегалската криза. Во таа прилика, претседателот Иванов рече дека Македонија успешно се справи со бегалската криза и дека оваа земја покажа како другите земји треба да се справат со предизвиците од бегалската криза.
Претседателот Иванов додаде дека во моментов има 130 македонски државјани кои учествуваат во војните во Сирија и во Ирак, како и дека 86 лица се вратени во Македонија, од кои дел од нив во полициската акција "Ќелија" го признаа учеството во Сирија и Ирак. Според претседателот Иванов овие луѓе се потенцијална закана од различни аспекти и за Европа.
„Заканите кои ги има Европа како континент, ги имаме и ние како земја која е на рутата каде се користат мигрантите преку нив да се протнат сите тие терористи,екстремисти, повратници и џихадисти.Тоа е судбината на сите нас што живееме на европскиот континент, во текот на целиот живот ќе бидеме изложени на мигрантски бранови кои нема да завршат. Заканите кои доаѓаат со сите тие што учествуваат на боиштата во Либија и на Блискиот Исток тие ќе ги користат мигрантските бранови да преминат илегално и да се вратат од земјите од каде што отишле на боиштата", рече претседателот Иванов
Министерот за внатрешни работи Митко Чавков изјави дека за време на посетата заеднички било заклучено дека бегалската криза не е минато свршено време, туку актуелните закани и ризици продолжуваат и понатаму, се разбира во друга форма преку активирање на криминални мрежи, како и дека Македонија успешно се справува со овој вид на проблеми. Чавков рече дека на дневна основа во земјава се фаќааат или попречуваат 200 до 300 бегалци или мигранти, се идентификуваат организирани криминални групи и интензивно се работи и на национално и на меѓународно ниво на воспоставување потесна полициска соработка за отпочнување и водење меѓународни истраги.
Министерот Чавков изрази задоволство за успешното справување со трансформирањето на бегалската криза во илегална, но истакна дека состојбата со бегалската криза ќе продолжи и понатаму.