Recep Şakar
03 Јуни 2017•Ажурирај: 04 Јуни 2017
МЕЛБУРН (АА) - Австралискиот премиер Малком Турнбул ги предупреди граѓаните дека Југоисточна Азија може да биде цел на терористичката организација ДЕАШ, јавува Anadolu Agency (AA).
Турнбул зборуваше на отворањето на Самитот Шангри-Ла Дијалогот 2017 во Сингапур во 2017, а во таа прилика се осврна на актуелните настани и тероризмот. Тој предупреди на зголемување на заканата од тероризмот.
„Се уште чувствуваме болка од нападот во Бали во 2002 година. Внимателно ги следиме и разгледуваме можностите дали Југоисточна Азија би можела да биде цел на нови напади. Можно е да се забележи дека ДЕАШ во својата пропаганда вели дека разработил мрежа и дека примил нови лица кои ќе војуваат", изјави австралискиот премиер Малком Турнбул
Во бомбашкиот напад во 2002 година, во два ноќни клубови во туристичката област Кута, на островот Бали загинаа повеќе од 200 лица, вклучувајќи и 88 австралиски државјани.
Австралиски туристи претежно ги поминуваат празниците во Југоисточна Азија, Индонезија, Филипини, Фиџи, Тајланд и Виетнам.