Hasan Tosun
25 Април 2016•Ажурирај: 26 Април 2016
ВИЕНА (AA) - Подрачјето на сојузната австриска покраина Долна Австрија денес ја погоди земјотрес со јачина од 4,1 степени по Рихтер, јавува Аnadolu Agency (AA).
Центарот за геологија и метеорологија на Австрија соопшти дека епицентарот на земјотресот е регистриран во местото Аланд.
Пет секунди долгото потресување на тлото во Долна Австрија започна во 12:27 часот по локално време.
До сега нема информации за настанати човечки или материјални губитоци.
Земјотресот го осетија и жителите на австриската престолнина Виена, град кој се наоѓа на оддалеченост од 18 километри од Аланд.