Ekipa
17 Мај 2016•Ажурирај: 18 Мај 2016
БРИСЕЛ (АА) - Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, изјави дека поранешниот градоначалник на Лондон, Борис Џонсон ги „премина границите на рационалниот дискурс” откако изјави дека ЕУ има цели слични на оние кои ги имал и нацистичкиот лидер Адолф Хитлер, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Кога слушам дека ЕУ се споредува со плановите и проектите на Адолф Хитлер, не можам да молчам. Такви апсурдни аргументи треба самоуверено да се игнорираат доколку не се формулирани од страна на едни од највлијателните политичари на британската владејачка партија”, изјави Туск.
И покрај подготовките на британската нација за референдум, на кој ќе се реши за останувањето или излегувањето на Велика Британија од ЕУ, Џонсон го спореди сојузот на европски земји со Хитлер додавајќи дека двете страни „вложуваат напори за обединување на Европа во супер држава под еден авторитет”.
„Борис Џонсон ги премина границите на рационалниот дискурс, покажувајќи политичка амнезија”. На одреден начин, ја прикажа состојбата на умот и емоциите на многу Европјани, не само од Велика Британија. Меѓутоа, ова на никој начин не може да биде изговор за ваквото опасно затемнување”, истакна Туск на конференцијата во текот на посетата на Копенхаген.