Michael Hernandez
18 Мај 2016•Ажурирај: 19 Мај 2016
ВАШИНГТОН (АА) - Соединетите Американски Држави (САД) и Германија се согласија на потпишување нов договор насочен кон зголемување на размената на информациите со цел спречување на потенцијални терористички напади, соoпшти американскиот секретар за внатрешна безбедност Џех Џонсон, пренесува Anadolu Agency (AA).
Говорејќи заедно со својот германски колега, Томас де Маизиере, вчера во Вашингтон, Џонсон го најави новиот договор, нагласувајќи дека е сведок на зголемената посветеност од страна на лидерите на ЕУ за заеднички активности на полето на подготвување заеднички мерки за борба против тероризмот, како резултат на терористичките напади во неколкуте европски градови.
Тој изрази задоволство за европската „зголемена посветеност” кон заедничката борба против тероризмот, соопшти германскиот медиум Дојче Веле.
„Тероризмот е закана за сите нас”, додаде Де Маизиере, потенцирајќи ја потребата од интернационална соработка.
Де Маизиере ќе го потпише договорот денес, во Министерството за правда на САД, заедно со Јавната обвинителка Лорета Линч.
Триесет и две лица загинаа во неколкуте бомбашки напади во Брисел во март, а 130 лица загинаа во одделни бомбашки напади во Париз минатиот ноември, и за двата напади одговорност презеде ДАЕШ.