свет, Коронавирус

Африка претпре економски губиток од 69 милијарди долари поради Ковид-19

- Генералната секретарка на Комисијата на ОН за африканската економија, Вера Сонгве за АА изјави дека од воведувањето на карантин во земјите на Африка е запрен економскиот раст и дека сиромаштијата е во пораст.

Tufan Aktaş  | 02.06.2020 - Обновена : 03.06.2020
Африка претпре економски губиток од 69 милијарди долари поради Ковид-19

АДИС АБЕБА

Африканските земји поради пандемијата на Ковид-19 претпреа економска штета од најмалку 69 милијарди долари, јавува Агенција Анадолија (АА).

Генералната секретарка на Комисијата на ОН за африканската економија, Вера Сонгве за АА изјави дека од воведувањето на карантин во земјите на Африка е запрен економскиот раст и дека сиромаштијата е во пораст.

„Поради рестриктивните мерки и карантин во 42 африкански земји предизвикан е економски губиток од 69 милијарди долари. Во најдобро сценарио ќе имаме пад на економски развој од 3,2 на еден отсто“, изјави Сонгве.

Истакнувајќи дека големиот број на семејства во Африка преживува од пари кои семејството им ги испраќа од странство, Сонгве рече дека и туристичкиот и услужниот сектор во Африка претрпеле големи губитоци.

„Економските последици ќе доведат и до додатен раст на социјалната неедаквост во Африка“, изјави Сонгве.

Според податоците на Центарот за контрола и превенција на болести во Африка (ACDC), во земјите на тој контигент со коронавирусот се заразени повеќе од 150.000 лица, а починаа речиси 4.500 заразени.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın