Muhammed Tevekkül/ Abdu Abdulkerim ,Gülşen Topçu
18 Јули 2016•Ажурирај: 19 Јули 2016
КИГАЛИ (АА) - На 27. Самит на лидерите на Африканската унија, кој се одржува во главниот град на Руанда, Кигали, доделена е плакета и благодарница на новинската агенција Анадолија (AA) за успешната работа на подрачјето на тој регион, јавува Anadolu Agency (AA)
Амбасадорот на Палестина во Адис Абеба и претставникот на таа земја во Африканската унија, Насри Ебу Јејс, му додели плакета на главниот уредник на претставништвото на АА во Адис Абеба, Мохамед Тахи Тевекулу.
Плакетата е доделена во знак на благодарност на Африканската унија и на Палестина за професионалната и посветена работа на агенција Анадолија, која се смета за глас на Палестина и на земјите на Унијата. Ебу Јејс во таа пригода истакна дека канцеларијата на АА во главниот град на Етиопија е прозорец на Палестина во Африканската унија, но и воопшто прозорец на Палестина кон светот.