Ekipa
25 Февруари 2016•Ажурирај: 26 Февруари 2016
ЖЕНЕВА (АА) - Зеид Раад ал-Хусеин, комесар на Обединетите нации за човекови права, го повика Советот за безбедност да го засили следењето на ситуацијата во Либија и да преземе мерки против прекршителите на законот. Ал-Хусеин на овој повик се одлучи по извештајот кој документира бројни случаи на тортура, обезглавувања и други различни методи на насилство во земјата, јавува Anadolu Agency (AA).
Извештајот, кој истражувачите го доставија до канцеларијата на ал-Хусеин, на страница 95, укажува на пораст за прекршување на основните човекови права во Либија во изминатите две години, откако НАТО во 2011 година го поддржа соборувањет на Моамер Гадафи, што доведе до длабоки поделби во земјата.
Истражувачите во последните неколку месеци сослушале 250 жртви и сведоци, и добиле повеќе од 900 приговори во врска со прекршување на човековите права.
Беззаконието доведе до таму, што членовите на ДАЕШ дојдоа до делот од територијата на Либија, но исто така, им овозможи шверцерите на луѓе транспортираат мигранти во Европа.