Elena Teslova
23 Март 2016•Ажурирај: 24 Март 2016
МОСКВА (АА) - Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека во текот на минатата година во земјата се регистрирани 3,2 милиони случаи на прекршување на човековите права и слободи, јавува Anadolu Agency (AA).
Според соопштението на Кремљ, Путин присуствуваше на проширениот состанок на руските обвинители, а на средбата се анализирала работата на обвинителството во земјата.
На средбата присуствуваа 317 судии и јавни обвинители од сите региони на Русија, а Путин одржал говор пред присутните.
"Обвинителството во 2015 година регистрирало 3,2 милиони случаи на прекршување на човековите права и слободи", изјави рускиот претседател Путин.
Рускиот главен обвинител Јури Чаика, во рамките на дисциплински и административни кривични истраги санкционира речиси еден милион престапници.