Ekipa
23 Март 2016•Ажурирај: 24 Март 2016
ПАРИЗ (АА) - Премиерот на Франција Мануел Валс изјави денеска дека е "клучно" Европското фудбалско првенство да се одржа во Франција, за да се покаже дека таа земјата не е во страв по терористичките напади во Брисел и Париз,јавува Anadolu Agency (AA).
Најмалку 34 лица загинаа, а околу 250 се повредени во бомбашки напади вчера на аеродромот и во метрото во европската метропола, додека во Франција се уште е на сила вонредна состојба, откако во терористички напад во Париз во ноември минатата година загинаа 130 лица година.
Нападите предизвикаа прашања дали Европското првенство ќе се одржи во јуни, како што е планирано.
Големите спортски настани, големите културни настани се клучни за да се покаже дека сме слободни луѓе кои стојат на нозе, ние не се плашиме и знаеме дека се соочуваме со терористички закани. Тур де Франс и ЕУРО 2016 година ќе се одржат, изјави францускиот премиер Мануел Валс за радио Европа 1.
Овие настани, изјави Валс, "се сили за нашата демократија и покажуваат дека животот е најдобар одговор на оваа идеологија на смртта".
Европската фудбалска федерација (УЕФА), по терористичкиот напад во Брисел, издаде соопштение во кое се наведува дека на престојното Европско првенство во Франција ќе се одржи со највисоко ниво на безбедност.