Dzihat Aliju
01 Јануари 2016•Ажурирај: 02 Јануари 2016
СКОПЈЕ (АА) - Центарот на Скопје беше место на дочек на Новата Година, којашто граѓаните ја пречекаа со голем ентузијазам. Иако, утринава улиците на главниот град се празни, екипите на комунална хигиена, задолжени за хигиената на градот, интензивно ги чистат местата каде што се одржаа синоќешните прослави, јавува Anadolu Agency (AA).
Од друга страна, бината на скопскиот Плоштад монтирана специјално за синоќешната прослава веќе се демонтира. Прославата на новогодишните празници започна околу пред една недела кога центарот на градот, плоштадите и главните улици низ градот беа украсени со новогодишни декорации и светилки кои станаа атракција за сите генерации.