СКОПЈЕ/ПРИШТИНА/ТИРАНА/ПОДГОРИЦА/БЕЛГАД/САРЕВО/ЗАГРЕБ (AA) - Крајот на годината и престојните новогодишни празници во најголем број претставуваат добра можност за било кој вид патување. Судејќи според податоците на регионалните туристички агенции кои ги собраа новинарите на Anadolu Agency (AA), лошата економска состојба не ги спречи Балканците да ги посетат атрактивните туристички дестинации во новогодишната ноќ, иако тие сега поретко ги избираат туристичките дестинации.
Иако туристичките работници се задоволни се задоволни со продажбата на новогодишните аранжмани, сепак, истакнуваат дека оваа година интересот на граѓаните е помал за патувањата во однос на претходната, а причината за тоа е како наведуваат, покрај економската криза, највеќе, нарушената безбедносна ситуација во некои земји.
- Македонските граѓани помалку патуваат-
"Традиционално, македонските граѓани секогаш патуваат за новогодишните празници, но во однос на минатата година, сега имаме незначително помал интерес за новогодишните аранжмани кои ги нудат туристичките агенции", вели во разговор за АА, Ѓорѓе Вчков, претседател на Стопанската комора за туризам.
“Интересот е ист како и минатата година за Милано, Рим, Венеција, генерално италијанските тури, Истанбул и Турција, каде што патува голем број на нашите туристи. Поради немилите настани во Париз оваа година имаме помал интерес за оваа дестинација поради безбедносен ризик. Со автобуските тури е зафатен голем број земји. Авионски аранжмани има за Италија, Франција, Шпанија и Турција” , вели Вчков, истакнувајќи дека туристичките агенции кои се членки на оваа комора информираа дека домашните капацитети за сместување на туристите за новогодишниот период се веќе ангажирани, посебно градот Охрид и неговата околина. Најголем број на туристи има од Турција, Албанија Бугарија како и другите соседни земји.
“Цените на аранжманите се различни завизно дали тие се автобуски, авионски, во хотели со три, четири или пет sвездички, додатни содржини. Навеќе барани се аранжманите за две вечери во некоја од поблиските земји со авионски превоз каде треба да се доплатат оние дополнителни содржини. Аранжманите изнесуваат од 50 па до повеќе стотини евра “, рече Вчков.
- Граѓаните на Косово поради визите највеќе одат за Турција-
Иако представниците на туристичките организации тврдат дека Косоварите се заинтересирани за дочекот на Новата 2016 година надвор од земјата, анкетираните граѓани велат дека понајвеќе сакаат да останат во своите градови. Најбарани аранжмани оваа година се оние за дочекот на Новата година во Турција, како поради поволните цени, така и поради безвизниот режим со таа земја.
Во зависност од хотелското сместување и авионскиот превоз, четиридневен престој во Истанбул во групен пакет изнесува од 250 до 300 евра по лице. Туристичките агенции организираат по желба на клиентите и индивидуални пакети за дочек на Новата година во Банско, Боровец во Бугарија, како и на Маврово во соседна Македонија.
Во споредба со минатата година, кога многу беше баран Дубаи, оваа година, приметена е економска криза, поради што највеќе се бараат ефтини пакети, наведуваат од некои од туристичките агенции.
-Ски центрите и Италија, најбарани дестинации на граѓаните на Албанија-
Нералнда Бејко, туристички оператор од Тирана, за Anadolu Agency вели дека оваа година најбарани дестинации се оние во кои се вклучени одмори за време на ногвогодишните празници, издвојувајќи ги ски центите Маврово, Колашин и некои места во Косово, како што се Борку и Призрен.
Најмногу билети за овие новогодишни прослави се продадени за Италија и Грција кои се најбараните дестинации на граѓаните на Албанија, додека како најбарана дестинација се издвојува Италија.
- Црногорците со автобуси во соседните земји-
Граѓаните на Црна Гора најголем интерес изразија за заминување во Будимпешта, Охрид, Солун, Виена и Рим .
"Интересот е поголем отколку што очекувавме. Сите аранжмани се продадени. Италија, Австрија, Чешка, Унгарија и Грција беа многу популарни" , соопштено е од една туристичка агенција од Подгорица. Од агенцијата велат дека цените на аранжманите се движат од 100 евра за Охрид па до 600 евра за оние кои сакаат да ја посетат Барселона за Нова година.
Од туристичките агенции во Подгорица за АА е соопштено дека стандардно првин се полнат автобусите за поблиските дестинации.
-Србите заинтересирани за Истанбул и Мадрид-
Граѓаните на Србија оваа година највеќе се одлучија за метрополите Истанбул, Мадрид и Барселона, додека Виена и Прага, традиционалните дестинации за новогодинешните патувања на туристите од Србија останаа во втор план. Мина Костиќ од белградската туристичка агенција рече дека сите аранжмани за Барселона и Мадрид се веќе одамна распродадени, а со оглед дека најголема заинтересираност постои за Истанбул, воведени се и нови тури.
- Богата понуда за Босанците -
Многубројни Босанци и Херцеговци новогодишните празници ќе ги поминат на неколку атрактивни дестинации.
Една од најголемите босанско-херцеговски туристички агенции со претставништва во Сараево и Зеница, во новогодишната понуда, помеѓу другото, нуди понуди и за 16 атрактивни туристички локации. За АА велат дека се задоволни со продажбата и дека очекуваат дека во наредните неколку дена ќе бидат пополнети сите аранжмани.
"Не можеме да кажеме дека 100 отсто пополнивме се бидејќи останаа уште неколку места. Веќе се распродадени аранжманите за Милано, Тоскана, Венеција, Барселона, Истанбул и Виена. Најскапиот новогодишен аранжман е патувањето за Рим со авион што чини некаде околу 500 евра", рекоа од оваа туристичка агенција, додавајќи дека нема голема разлика во резервации за патувања со автобус во однос на патувањата со авион.
- Во Хрватска нема интерес за патувања во Париз-
Хрватите кои заминуваат на новогодишен одмор највеќе патуваат во европските метрополи, поради што се "хит" Барселона, во комбинација со Мадрид, Лисабон, Лондон, Амстердам и Рим. Најголем дек од патувањата со автобус се распродадени за дестинациите Виена, Будимпешта и Прага, но постои интерес и за патувањата во потоплите краеви, што потвврдуваат распродадените аранжмани за Дубаи со директен лет од Загреб. Од останатите подалеки дестинации се патува групно за Индија, Кина, Тајланд и Куба.
Во земјата е зголемен бројот на скијачите во време на новогодишните празници па поради пораст побарувачката на аранжманите за одмор на Јадран, посебно за Опатиска ривиера и за Далмација, а Иста за овие празници ќе ја "окупираат" Италијанците и Австријците. Цените се движат од 105 евра со автобус за поповолна европска дестинација до 2.630 евра, колку што е потребно за двонеделно интерконтинетално патување.
Што се однесува до трендовите, намален е интересот за Париз, кој минатите години беше помеѓу најбараните европски метрополи. Моментално, најбарани се Лондон и Рим.