Admir Fazlagikj
01 Јануари 2016•Ажурирај: 02 Јануари 2016
СКОПЈЕ (АА) - Министерот за здравство на Република Македонија Никола Тодоров, градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски ги посетија првите новороденчиња во 2016 година на Клиниката за гинекологија и акушерство при Универзитетскиот клинички центар во Скопје, каде упатија честитки до мајките на новородените бебиња, јавува Anadolu Agency (AA).
Родилката Александра Андонова од Штип, роди близнаци, женско тешко 2 килограми и 290 грама долго 47 сантиметри а другото машко тешко 2 килограми и 250 грама долго 48 сантиметри на која ова и се први деца. Истакна дека породувњето поминало во најдобар ред. Рече дека се чувствува добро како и дека близначињата ќе се викаат Хана и Христијан.
"Оваа година започна со три бебиња две близначиња и едно третородено дете во семејството.По тоа гледаме дека годината ќе биде бериќетна. Честитки до родителите. Сакам да им се заблагодарам на здраствените работници кои даваа здраствени услуги на сите граѓани на Република Македнија" , изјави македонскиот министерот за здравство Никола Тодоров.
Градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски, упати честитки до родителите на децата и им посака среќа и здравје.
"Сакам на мајките да им ги честитам новородените дечиња. Со првите секунди од Новата година веќе имаме три новороденчиња.Се надевам дека ќе има повеќе родени деца од минатата година. Градот Скопје на секое од овие три новороденчиња ќе им даде по една книшка со по 20 илјади денари, симболична награда од нашиот град" , изјави Трајановски.
Директорката на Клиниката за гинекологија и акушерство Марија Хаџи Лега во својата изјава рече дека оваа клиника беше "највеселото место во државата во новогодинешната ноќ" и упати благодарност до персоналот кој одговорно и посветено ги извршувал своите работни задачи.
"Оваа клиника беше највеселото место во државата. Годинава ја завршивме со 6 илјади породувања и еден куриозитет, 200 повеќе машки новороденчиња од женски новороденчиња", изјави Хаџи-Лега.