İdris Okuducu
23 Март 2016•Ажурирај: 24 Март 2016
ЕРБИЛ (АА) - Критикувајќи ја “соработката на Соединетите Американски држави ( САД ) со терористичката организациjа ПЈД”, курдскиот лидер Барзани рече дека секоја помош воедно е и поддршка на терористичката организација ПКК “затоа што тие се едно исто”, јавува Anadolu Agency (AA).
“ПЈД и ПКК се едно исто”, изјави Барзани потсетувајќи на тоа како ПЈД е само огранок на ПКК во Сирија.
“Зарем во САД не се свесни дека ПКК и ПЈД се едно исто? Тие тоа многу добро го знаат, само што не го изговараат гласно. Како што веќе е јасно и наш приоритет а и приоритет на САД e борбата против ДАЕШ. Можеби затоа и игнорираат некои работи”, рече тој.
Барзани рече дека турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган отсекогаш имал конструктивен пристап кон курдското прашање.
“Приметив дека Ердоган многу подобро го разбира курдското прашање од останатите. Дојде во Ербил уште во времето кога беше премиер и ја запре политиката на негирање на Курдите. "Тоа што од него го слушнав, го немав слушнато од никој порано", изјави Барзани.