Haydar Hadi
24 Март 2016•Ажурирај: 25 Март 2016
БАГДАД (АА) - Ирачките сили започнаа акција за ослободување на градот Мосул од терористичката организација ДАЕШ, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението на Министерството за одбрана на Иран, се наведува дека е започната првата етапа од акцијата под име „Освојување”, која има за цел ослободување на градот Мосул од терористите на ДАЕШ.
Нагласено е исто така дека контролата над одредени села во близина на Мосул е веќе преземена и дека на тие места веќе се веат ирачки знамиња.