Fatma Bülbül
17 Јануари 2016•Ажурирај: 17 Јануари 2016
ДИЈАРБАКИР (АА) - Турски полицаец загина во судирите меѓу турските безбедносни сили и членовите на терористичката организација ПКК во југоисточниот регион на Дијарбакир, јавува Anadolu Agency (АА).
Неименуван официјален претставник за АА потврди дека еден полицаец почина во воената болница во Дијарбекир, откако беше сериозно повреден за време на вчерашните судири меѓу полицијата и терористите во област Сур.
Во областа Сур од почетокот на декември минатата година, на сила е полицискиот час, поради акцијата на турските безбедносни сили врз терористите на ПКК.
Во средината на јули минатата година, ПКК ја потврди својата терористичка активност и вооружени напади во источна и југоисточна Турција. Досега во оваа зона, загинаа повеќе од 200 припадници на турските сили.