Feyza Süsal
29 Декември 2015•Ажурирај: 30 Декември 2015
АНКАРА (АА) - Генералштабот на Турција соопшти дека во антитерористички операции во југоисточниот дел на Турција од 15 декември до сега загинаа вкупно 214 припадници на терористичката организација ПКК, јавува Anadolu Agency (АА).
Во соопштението се вели дека 155 терористи се убиени во акција во областa Чизре и 17 во населбата Силопи во провинцијата Ширнак, додека 42 терористи се убиени во акција во област Сур во провинцијата Дијарбакир.
Во соопштението се вели дека антитерористичките операции се во тек и дека е во споменатите области уште трае се полицискиот час.
Паралелно со ова, Генералштабот објави дека терористите на ПКК вчера убија петогодишно момче додека играло во дворот од семејната куќа во населбата Чизре и дека е утврдено дека момчето беше убиено со истрели од автоматска пушка.
Терористите исто така ранија уште еден турски војник во напад кој врз него го извршија додека се обидел да повлече пари од банкомат во Ширнак.
Терористичката организација ПКК ги интензивираше своите активности во Турција од јули оваа година. Во судирите меѓу турските сили и терористите досега загинаа најмалку 200 припадници на турските безбедносни сили и убиени се најмалку 1.700 терористи.
ПКК се наоѓа на листата на терористички организации на Турција, САД и Европската унија.