Diyar Güldoğan
18 Јануари 2016•Ажурирај: 19 Јануари 2016
ШИРНАК (АА) - Најмалку тројца полицајци загинаа, а четворица се повредени во вооружени и бомбашки напад од страна на терористите на ПКК во југоисточниот дел на турската провинција Ширнак, јавува Anadolu Agency (АА).
Група вооружени милитанти утринава активирале експлозив на патот, а потоа отвориле оган врз полициска патрола во провинцијата Ширнак.
Повредени се седум полицајци, тројца од нив починале, а четворица се хоспитализирани во локалната болница.
Турските безбедносни сили започнаа потрага по напаѓачите, истрагата за случајот е во тек.
ПКК е организација која се наоѓа на листата на терористички групи во Турција, САД и Европската унија. Во јули минатата година организацијата ги интензивираше своите терористички активности кои во изминатите три децении претставуваа закана за безбедноста во Турција.
Турските сили започнаа широка антитерористичка операција, во која досега загинаа над 200 припадници на силите за безбедност и неутрализирано се неколку илјади терористи.