Izzet Taskiran
17 Јануари 2016•Ажурирај: 17 Јануари 2016
ИСТАНБУЛ (АА) - Tурската авиокомпанија "Turkish Airlines" за утре откажа 246 меѓународни летови како и домашните летови поради најавените обилни врнежи од дожд и снег во Истанбул, јавува Anadolu Agency (АА).
Големото невреме може да ги зафати двата меѓународни аеродроми, "Ataturk" и "Sabiha Gökçen", поради што од авиокомпанијата одлучија да ги откажат летовите.
Патниците кои планираат да патуваат, дополнителни информации за летовите може да добијат на веб-страницата на оваа компанија.