Muhammed Enes Can
17 Јануари 2016•Ажурирај: 18 Јануари 2016
ИСТАНБУЛ (АА) - За 16 од вкупно 17 уапсени во истрагата за неодамнешните терористички напади во Истанбул се бара продолжување на притворот, јавува Anadolu Agency (АА).
Специјалните полициски тимови од Одделот за борба против тероризмот, по терористичкиот напад на плоштадот "Султанахмет" во Истанбул, приведе 17 лица по потекло од Сирија, за кои постои сомневање дека се поврзани со бомбашот-самоубиец кои го изврши нападот во кој загинаа десетина туристи.
Меѓу уапсените е и малолетно лице чија обработка во обвинителството е во тек, а останатите 16 уапсени утринава му беа предадени на судството, со барање до судот за нивното апсење и одредување мерка притвор.
Обвинителството побара покренување на обвинение за членување во терористичка организација против 16-те осомничени.