Hatice Vildan Topaloğlu
10 Мај 2016•Ажурирај: 10 Мај 2016
АНКАРА (АА) - Првиот авион на компанијата "Turkish Airlines" денес ќе лета на нова релација Истанбул-Дубровник-Истанбул, јавува Anadolu Agency (AA).
„Од денес Дубровник ќе биде втор хрватски град во кој ќе лета Turkish Airlines, соопштено е од компанијата чии авиони од порано летаат на релацијата Истанбул-Загреб.
Авионите на "Turkish Airlines" во Дубровник ќе летаат три пати неделно, а од 31-ви мај ќе бидат воведени и два лета. Од 29-ти август на релацијата Истанбул-Дубровник неделно ќе летаaт шест пати.
"Turkish Airlines" моментално лета на повеќе од 250 меѓународни дестинации.
Жителите на југоисточна Европа од денес преку најјужниот хрватски град Дубровник, преку Истанбул, ќе бидат најбрзо конектирани со патувањата кон Азија додека истовремено туристите првенствено од Јапонија и Јужна Кореја во најголем дел ќе пристигаат преку Турција во Хрватска а оттаму во БиХ и Црна Гора.