Bahattin Gönültaş
01 Март 2016•Ажурирај: 02 Март 2016
АНКАРА (АА) - Авиокомпанијата "Turkish Airlines" минататa година оствари рекорден профит од 2,99 милијарди турски лири (1,01 милијарда долари), што е за 65 отсто повеќе во однос на претходните години, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението на компанијата се наведува дека минатата година е остварен пораст на продажбата за 19 отсто во вкупниот износ од 9,7 милијарди долари.
Во последниот квартал од 2014 година "Turkish Airlines" го зголеми бројот на дестинациите на летање од 264 на 284, па минатата година леташе на вкупно 49 дестинации во Турција и 235 дестинации во странство во вкупно 113 земји од светот.
Во низата успеси остварени минатата година е и зголемувањето на капацитетите за 13,6 отсто, а со авионите на таа турска компанија во 2015 година патуваа вкупно 61,2 милиони луѓе.
„Пред сè, минатата година ја завршивме исклучително успешно, иако беше многу тешка за Турција и за целиот свет”, изјави челникот на компанијата Илкер Ајџи.
Укажувајќи на големата конкуренција меѓу светските лидери во тој сектор, политичката и економска нестабилност во регионот околу Турција и други потешкотии во работењето како промената на валутата, Ајџи рече дека и покрај тие отежителни околности, "Turkish Airlines" успеа да ја задржи позицијата меѓу најуспешните и најпрофитабилните компании минатата година.