Hatice Kesgin
23 Јануари 2016•Ажурирај: 24 Јануари 2016
ИСТАНБУЛ (АА) - Поради обилни снежни врнежи на аеродромот во Истанбул "Ататурк" и "Сабиха Ѓокчен" за сабота и недела се откажани повеќе од 200 летови, јавува Anadolu Agency (АА).
Туркиш Ерлајнс на веб-сајтот се вели дека поради снежни врнежи се откажани 175 домашни и меѓународни летови, додека поради најавените лоши временски услови за в недела се откажани уште 35 летови.
Десетици летови беа откажани и од други компании, вклучувајќи Aтласглобал Ерлајнс, Онур Аир и Пегаз.
Турската метеоролошка служба ги предупреди граѓаните да очекуваат уште едно снежно невреме во областа на Истанбул, а според прогнозите снегот кој почна да паѓа во петок, нема да запре до вторник.