İzzet Mazı
23 Јануари 2016•Ажурирај: 25 Јануари 2016
КИЛИС (АА) - Во напад на куќа во Kилис, во близина на турско-сириската граница, повреден е 18-годишен и 14-годишен сириец, јавува Anadolu Agency (АА).
Утврдено е дека проектилот, кој се претпоставува дека е испукан од Сирија погоди објект. Направена е материјална штета на куќата и околните објекти, а повредените се пренесени во најблиската болница.
Гувернерот на Килис Сулејман Типсиз рече дека причината за експлозијата од утринава била проектил, што се претпоставува дека е испукан од Сирија.
Повредените не се во животна опасност. Taпсиз додаде дека е покрената истрага за овој случај.