Fatih Çakmak
21 Ноември 2021•Ажурирај: 22 Ноември 2021
АНКАРА
Tурскиот мотоциклист Топрак Разгатлиоглу денес ја освои титулата Светски шампион во „Супербајк 2021“ во Индонезија, јавува Агенција Анадолија (АА).
Рано утринава во Индонезија се возеше првата од последните две трки сезонава, а последната беше одложена поради дожд.
Разгатлиоглу ја започна трката од пол-позицијата. Водечката улога се смени за време на жестоката трка. На крајот тој трката ја заврши како втор зад најголемиот конкурент Џонатан Реа, но ја освои светската титула пред последната трка оваа сезона, бидејќи веќе имаше предност од 30 бодови.
Разгатлиоглу, возачот на тимот „Pata Yamaha With Brixx WorldSBK“ стана првиот турски спортист кој го освоил Светскиот шампионат во „Супербајк“, а во исто време стави крај на доминацијата на Џонатан Реа од тимот на „Kawasaki“ кој беше светски шампион во последните шест години.