Mutlu Demirtaştan
21 Ноември 2021•Ажурирај: 22 Ноември 2021
ИСТАНБУЛ
Возачот на Мерцедес, Британецот Луис Хамилтон, ќе стартува прв на трката за Големата награда на Катар, на 20-та трка оваа сезона на Светското првенство во Формула 1, јавува Агенција Анадолија (АА).
Хамилтон во текот на квалификацијата на патеката „Лосаил“, долга 5,4 километри, сместена северно од Доха, оствари време од 1:20:827. Британецот така дојде до 102. пол-позиција во својата кариера.
Холанѓанецот Макс Верстапен (Ред Бул Хонда) зад Хамилтон доцнеше 0,455 секунди и ја зазеде втората стартна позиција, додека Финецот Валтери Ботас со задоцнување од 0,651 секунди ќе стартува од третата позиција.
Трката на која возачите на Формула 1 ќе се натпреваруваат кој најбргу ќе ги извози 57-те кругови за победа на Големата награда на Катар ќе започне денес во 15:00 часот.