Serhat Bağbars
24 Октомври 2016•Ажурирај: 25 Октомври 2016
ИСТАНБУЛ (АА) – Пилотот на Мерцедес, Британецот Луис Хамилтон победи на Гранд при на САД во 18. трка од Светскиот шампионат во Формула 1, со што ја постигна својата седма победа оваа сезона, а 50. во кариерата, јавува Anadolu Agency (AA).
Осумнаесеттата трка во Формула 1, која се одржа во градот Остин во Тексас, се одвиваше во 56 круга на пистата Америка со вкупна должина од 5.513 метри.
Пилотот на „Мерцедес“ од Велика Британија, Луис Хамилтон, трката ја започна од првата стартна позиција, и по 5 трки победи на пистата Америка.
Хамилтон ја извојува победата со време од 1 час, 38 минути и 12,618 секунди и ја постигна својата 50. победа во кариерата, а седма оваа сезона. Неговиот тимски колега, Нико Росберг го освои второто место со задоцнување од 4,520 секунди, додека пак Даниел Рикардо е третопласиран со задоцнување од 19,692 секунди.
Со оваа победа, Хамилтон освои вкупно 305 поени и се наоѓа на второто место на листата на возачи. Преостанаа уште 3 трки до крајот од сезоната, а Хамилтон ја намали на 26 разликата во поени со првопласиранот на листата на возачи во Формула 1, клупскиот колега Росберг.
Деветнаесеттата трка оваа сезона, Гранд при на Мексико ќе се одржи на 30. октомври.