Stipe Mayiç
22 Октомври 2016•Ажурирај: 23 Октомври 2016
ЗАГРЕБ (АА) - По пристигнувањето вчера во Загреб, пехарот од Лигата на шампионите, кој гостува во Хрватска во рамките на „УЕФА Лигата на шампиони Трофи тур", денеска беше изложен на плоштадот. Најупорните имаа шанса да се запознаат со Рајан Гигс, амбасадорот на турнејата, јавува Anadolu Agency (AA).
Повеќе од 150 метри е долга колоната од љубителите на фудбалот која утрово се формира на плоштадот, се со цел секој од посетителите да се фотографира со трофејот од Лигата на Шампионите и да се запознае со Рајан Гигс.
Оние најупорните, кои на главниот плоштад пристигна меѓу првите, имаа можност да се запознаат со Рајан Гигс, легендарниот играч од Манчестер Јунајтед, кој е амбасадор на оваа турнеја.
Пехарот на Лигата на шампиони вчера од Осјек пристигна во Загреб каде што ќе биде изложен два дена.
Турнејата започна во 2009 година, а од тогаш трофеј посети 16 земји и беше виден од повеќе од 600.000 луѓе во Европа.