Vesna Besiç
26 Април 2016•Ажурирај: 27 Април 2016
ЗАГРЕБ (АА) – Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган по средбата со хрватската претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ порача дека Турција, Хрватска и БиХ можат да создадат силен трилатерален механизам, и дека заедничката политика на Балканот е многу значајна, јавува Anadolu Agency (AA).
Ердоган на прес-конференцијата за новинарите по состанокот изрази задоволство од посетата на Хрватска. Тој истакна дека ќе има средби на економскиот форум и очекува дека на средбите ќе се постигнат многу договори.
Претседателот Ердоган својата прва посета на Хрватска ја имал пред 10 години во својство на премиер.
„Гледам дека последните десет години има многу промени во Хрватска, што покажува дека во Хрватската владее една нова динамика. Хрватска влезе во ЕУ, стана членка на ЕУ и во овој период, периодот на влез во НАТО, ние, како Турција и даваме целосна поддршка“, изјави Ердоган.
„Заедничката политика на Балканот е многу важна и затоа денеска разговаравме во врска со неа. Таа е многу значајна за иднината, мирот и стабилноста на Балканот, и во тој контекст Турција, Хрватска и БиХ можат да создадат силен трилатерален механизам со кој, се разбира би раководеле исклучиво високи државни службеници“, соопшти Ердоган.
На крај Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган нагласи дека состанокот бил многу успешен и изрази надеж дека добрите односи меѓу двете земји ќе продолжат.