Kenan Irtak
03 Декември 2015•Ажурирај: 05 Декември 2015
ИСТАНБУЛ (АА) - Невладината организација Платформа за свет без хендикепирани (EDP) и истанбулскиот Универзитет Aydin потпишаа Протокол за соработка со Платформите во земјите од Балканот, а со цел интензивирање на заедничките активности во правец на општествено вклучување и подобра положба на лицата со посебни потреби и инвалидитет, јавува Anadolu Agency (АА).
Ректорката на споменатитот Универзитет, Јадигар Измирли, рече дека таа високообразовна установа во сорабтка со сите други универзитети ќе ги искористи сите свои деловни врски и максимално ќе се ангажира за промоција и поттикнување на активностите за подобрување на културата на заедничко живеење со општествените групи со хендикеп, а посебно со лицата со инвалидитет.
Претседателот на невладината организација Платформа за свет без хендикепирани, Кенен Јабанигул, во таа пригода се заблагодари на сите соработници и институции кои ја поддржаа работата на организацијата која е отворена во мај во Истанбул, со поддршка на турскиот премиер, Ахмет Давутоглу и неговата сопруга Саре Давутоглу.
„Сите ние сме индивидуи кои еден ден би можеле да бидеме хендикепирани. Сметам дека сите ние животот треба да го набљудуваме од тој аспект. Во март следната година со уважената госпоѓа Саре ќе ја отвориме Балканската платформа во Босна и Херцеговина“, рече Јабанигул.
Протоколот за соработка на Платформата со Балканските земји ја потпишаа токму челниците на спомената организација и Универзитетот, Јабанигул и Измирли, а на свеченоста присуствуваше и функционер од Министерството за социјална политика и семејни прашања, Имамбеј Ертем, кој кажа дека тоа министерство ја поддржува работата на Платформата.
Тој кажа дека последните 15 години константно и значајно се зголемува буџетското издвојување за грижа за лицата со инвалидитет и дека се прават големи напори за адаптација на инфраструктурата која овозможува полесен пристап на тие лица во сите објекти, средствата за јавен превоз и сите установи.
Градоначалникот на истанбулската општина Баџилар, Локман Чаиричи, исто така, присуствуваше на овој свечен чин и во таа пригода предупреди дека ниту едно општество не може да биде среќно ако се несреќни и безнадежни неговите членови со посебни потреби.