Büşra Nur Özcan
09 Април 2016•Ажурирај: 10 Април 2016
БУРСА (АА) - Во турскиот град Бурса започна семинарот во рамките на “Самитот на телевизиите на Балканот” во организација на Здружението за солидарност на Турците во Западна Тракија и каналот "Тек Румели ТВ" ,со поддрршка на Турската агенција за соработка и координација ( ТИКА) и Општина Бурса. На семинарот присуствуваа медиумски организации 8 различни земји, јавува Anadolu Agency (AA).
Градоначалникот на општина Бурса на отворањето на семинарот ја истакна важноста од соработката со балканските земји и рече дека таа треба да биде редовна и да се движи со силни чекори во иднина.
Тој рече дека ваквите настани треба да ги развираат односите и пријателствата и посочи дека градот Бурса е "град на Балканот".
"Голем дел од населението на Бурса, повеќе од 50 отсто се состои од доселеници од Балканот кои со векови делат истата судбина" .
Тој истакна дека развојот на Балканот, познанствата и зголемување на економската соработка се најважните приоритети. Од друга страна, претседателот на Здружението за солидарност на Турците во Западна Тракија, Хусеин Neџметин истакна дека медиумите се огледало на Балканот, како и дека во минатото немале доволна соработка. Хусеин напомене дека визуелните медиуми никогаш не ја изгубиле својата вредност и во иднина ќе бидат во преден план како и дека менаџерите на медиумите имаат многу работа за да ја покажат вредноста на Балканот од културен,економски и социолошки аспект.
По претставувањето на медиумските организации започна работните сесии каде ќе се согледа можноста за формирањето на дистрибутивна мрежа меѓу балканските телевизии, како и можноста за вршење на повеќе заеднички директни преноси, како и креирање на културните програми преку кои ќе се афирмира туризмот.