Hale Türkeş
10 Април 2016•Ажурирај: 10 Април 2016
ИСТАНБУЛ (АА) – Три лица се повредени во експлозија на шок - бомба која се случи синоќа во центарот на Истанбул, јавува Anadolu Agency (AA).
Инцидентот се случил во близина на надвозникот кај патниот правец Меџидијекој Јолу кој води до автопатот Д100 низ градскиот кварт Шишли.
Повредените се хоспитализирани а патот за сообраќај беше отворен кратко по увидот на полицијата.
Шок - бомбите инаку не се смртоносни направи, а со ударот и звукот можат да предизвикаат моментална дезориентација.